Порака од Првиот Извршен Директор
Наша цел е да бидеме помеѓу водечките производствено – дистрибутерски компании во Македонија, обезбедување на постојано високо ниво на квалитет на нашите производи, но и постојано да нудиме нова и современа палета на препознатливите Пекабеско производи и услуги.
Компанијата Пекабеско има 40 годишна традиција, а нашите производи се знак на препознатливост на македонскиот квалитет и на трпезите во речиси сите земји од регионот и пошироко во Европа.
Во 2012 година во употреба го пуштивме новиот Производствено – логистички центар на Пекабеско, лоциран во с. Кадино, Илинден. Инвестиција вредна 13 милиони евра
Со еден збор, нашата главна цел се задоволни потрошувачи и соработници, загарантиран квалитет на производите и услугите и постојан развој.
Ви благодарам на довербата која ни ја давате.
Со почит,
Слободан Кутревски
Прв Извршен директор
Политика на квалитет
Воспоставување деловен систем за квалитет ориентиран кон:
- Пазарот и потрошувачите се со цел да се освои, добие нивната доверба и истовремено да се завземе што поголемо учество на истиот пазар
- Само квалитетен производ - услуга да бидат достапни до пазарот и потрошувачите, се со цел да се зголеми и подобри имиџот на фирмата
- Друштвото работи само со оние производи - услуги кои ги поседуваат оние критериуми кои се дозволени со позитивните законски прописи на РМ
- Воспоставување на коректни односи и со купувачите и со добавувачите како би се исполниле барањата на ПЕКАБЕСКО А.Д.
- Идентификување и отстранување на сите недостатоци кои можат да предизвикаат губење на работа, потрошувачите и пазарот, а со тоа смалување на добивката
- Сите вработени своите работни задачи ги извршуваат во рамките на нивните дефинирани одговорности, со што помали трошоци, а со поголема продуктивност на работата