
Пекабеско АД. располага со складишни капацитети на две локации во објектот во Кадино, општина Илинден со површина од 20.000 метри квадратни и 7.000 палетни места простор за складирање на сите температурни режими. Покрај овие капацитети, Пекабеско АД. располага и со објект во општина Шуто Оризари со површина од 5000 и 2.000 палетни места за складирање на сите температурни режими.
Во делот на магацинското работење, повеќе од 40 вработени.

Предпродажба
Пекабеско АД. во сегментот на дистрибуција на храна се состои од два вида на канали на дистрибуција, предпродажба и микродистрибуција.
Во секторот на предпродажба работат 45 вработени на следниве позиции: Директор на продажба, регионални директори, комерцијалисти и возачи кои располагаат со сите потребни технолошки и транспортни ресурси за квалитетно да ја извршуваат својата дејност.

Микродистрибуција
Микродистрибуцијата претставува амбулантна продажба на повеќе продажни места низ цела територија на Македонија.

Пекабеско ја надгради својата дистрибутивна мрежа со посебна Дивизија која има за цел дистрибуција на цигари.
Создадовме високо опремена дивизија со нови возила и нова техничка опрема која врши директна достава и продажба на цигари во секој објект во Македонија кој се занимава со продажба на цигари.