45 години Пекабеско - Пуштено во употреба ново детско игралиште во Општина Илинден

Изградено и пуштено во употреба на ново детско игралиште во населбата „Јака“ во Општина Илинден како дел од општествено одговорната активност на Пекабеско, а во рамки на 45годишниот јубилеј на компанијата.


„Вво Општина Илинден сме со убав повод, а во рамки на одбележувањето на јубилејот „45 години Пекабеско“. Во соработка со Општината, Пекабеско донираше финансиски средства со кои се овозможи изградбата на ова детско игралиште кое ќе претставува катче за забава, игра и рекреација за најмалите жители од оваа општина. Децата и најмладите се нашиот најголем приоритет и заслужуваат најдобри услови за раст и развој“, посочи Главниот Извршен Директор на Пекабеско, Слободан Кутревски кој заедно со градоначалникот на ОПШТИНА ИЛИНДЕН, Александар Георгиевски, присуствуваше на отворањето на детското игралиште.


Инаку, во 2012 година, токму во Општина Илинден, Пекабеско го отвори најсовремениот производствено – логистичкиот центар со капацитет на производство од 1.050 тони месечно, површина од 19.700 м2, а во кој работат повеќе од 410 вработени. Оттогаш до денес, односно за период од 13 години компанијата во овој објект инвестираше сопствени средства во висина од 28,3 милиони евра наменети, меѓу другото, за: нови софистицирани машини, прочистителна станица, современи транспортни возила, приклучок за гас, фотоволтаична централа, како и во ново земјиште каде е планирана изградба на нова фотоцентрала.


Овие активности се само дел од постојана грижа за заедницата на Пекабеско покажувајќи општествена свесност, но и колку високо ја цени поддршката која ја ужива на македонскиот и извозните пазари. Оваа македонска компанија перманентно ја зајакнува и својата општествено-одговорна компонента, гради партнерства, давајќи придонес и поддршка на многубројни културни, спортски, младински и хуманистички активности.


Инаку, Пекабеско одбележува 45 години со донација на медицинска опрема за Универзитетската детска клиника и детско игралиште во Општина Илинден.