ПЕКАБЕСКО ДОБИТНИК НА ВИСОКО ПРИЗНАНИЕ ЗА КОРПОРАТИВНА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ

Пекабеско е добитник на ЗЛАТНА МОНЕТА – бизнис награда за Корпоративна Општествена одговорност.

Наградата ја доделија од Сојузот на стопански комори на Македонија од каде истакнаа дека компанија добитник на вакво високо признание за Корпоративна Општествена одговорност активно придонесува за заедницата во Република Македонија и претставува компанија која го поддржува спортот, младите и зачувувањето на животната средина.

Општествената одговорност и грижата за заедницата претставува една од примарните определби на Пекабеско. Од 2015 година, во соработка со интернет заедницата и Црвениот Крст започна со спроведување на акција за доделување на пакети со храна за социјално загрозени семејства.

Исто така, компанијата постојано поддржува голем број меѓународни младински конференции, културни настани, спортски кампови за деца и слично, со што покрај поддршката, Пекабеско има за цел и мотивација на останатите компании во своите приоритети да ја стават хуманата димензија и грижата за заедницата.

Изразуваме голема благодарност до Сојузот на стопански комори на Македонија. Како компанија секогаш правиме се со цел да возвратиме на довербата и лојалноста која на брендот на Пекабеско ја даваат потрошувачите од Македонија и регионот.