Пекабеско АД од Скопје е компанија која има повеќе од 40 годишна традиција, а е формирана во далечната 1979 година.
Своите корени ги влече од преставништвото на тогаш најголемиот Земјоделски комбинат ПКБ Белград кое е отворено во 1972 год. Во 1991 година ПКБ-Скопје станува една од првите целосно приватизирани компании во Македонија. Основната дејност на компанијата е производство на сувомесни производи и дистрибуција на храна и цигари.
Во 1998 година започна со производство на сувомеснати производи под брендот Пекабеско. Денес, палетата на сувомеснати производи опфаќа најразлични видови трајни, димени и полутрајни производи.