За нас

Порака од Првиот Извршен Директор

Наша цел е да бидеме помеѓу водечките производствено – дистрибутерски компании во Македонија, обезбедување на постојано високо ниво на квалитет на нашите производи, но и постојано да нудиме нова и современа палета на препознатливите Пекабеско производи и услуги.

Компанијата Пекабеско има 35 годишна традиција, а нашите производи се знак на препознатливост на македонскиот квалитет и на трпезите во речиси сите земји од регионот и пошироко во Европа.

Во 2012 година во употреба го пуштивме новиот Производствено – логистички центар на Пекабеско, лоциран во с. Кадино, Илинден. Инвестиција вредна 13 милиони евра

Со еден збор, нашата главна цел се задоволни потрошувачи и соработници, загарантиран квалитет на производите и услугите и постојан развој.

Ви благодарам на довербата која ни ја давате.

Со почит,
Слободан Кутревски
Прв Извршен директор

Историјат


1972 година
ПКБ формира преставништво во Скопје со цел да ги дистрибуира производите на оваа компанија на просторите на Македонија, Јужна Србија и Косово.


1979 година
ПКБ на територија на Р.Македонија формира самостојно правно лице во 1979 година.


1991 година
Согласно законот за приватизација во поранешна Југославија, ПКБ-Скопје станува една од првите целосно приватизирани компании во Македонија.


1998 година
ПКБ-Скопје гради мал погон за производство на сувомеснати производи и влегува на пазарот со брендот Пекабеско за сувомеснати производи.


2003 година
Пекабеско гради нова фабрика за сувомеснати производи со капацитет од 260 тони месечно. Истовремено, ПКБ-Скопје. АД, го променува името во Пекабеско АД, како резултат на успехот на својот бренд кој за кратко време достигна одлични резултати и препознатливост на пазарот.


2009 година
Пекабеско го добива меѓународното престижно признание за македонски Супербренд


2012 година
Пекабеско го отвори новиот Производствено – логистички центар во с. Кадино, Илинден. Центарот е со површина од 19.700 м2 и е изграден по сите европски и HACCAP стандарди за производство на сувомесни производи. Има капацитет за производство од 35 тони на ден, а располага со широка дистрибутивна мрежа и магацини со 7500 палетни места на сите режими на лагерување.

Одбор на директори

Слободан Кутревски

Прв главен извршен директор

Анатол Кутревски

Втор извршен директор

Марко Кутревски

Претседател на Одбор на директори

Миле Бановиќ

Директор на производство

Шушлевски Славчо

Директор на продажба

Горан Грумбаров

/

Дарио Кадиев

/

Иле Атанасовски

Регионален менаџер - реон Скопје

Ивица Гал

Регионален менаџер - реон Запад

Дарко Деловски

Регионален менаџер - реон Исток
Награди и сертификати


Политика на квалитет

Воспоставување деловен систем за квалитет ориентиран кон:

  • Пазарот и потрошувачите се со цел да се освои, добие нивната доверба и истовремено да се завземе што поголемо учество на истиот пазар
  • Само квалитетен производ - услуга да бидат достапни до пазарот и потрошувачите, се со цел да се зголеми и подобри имиџот на фирмата
  • Друштвото работи само со оние производи - услуги кои ги поседуваат оние критериуми кои се дозволени со позитивните законски прописи на РМ
  • Воспоставување на коректни односи и со купувачите и со добавувачите како би се исполниле барањата на ПЕКАБЕСКО А.Д.
  • Идентификување и отстранување на сите недостатоци кои можат да предизвикаат губење на работа, потрошувачите и пазарот, а со тоа смалување на добивката
  • Сите вработени своите работни задачи ги извршуваат во рамките на нивните дефинирани одговорности, со што помали трошоци, а со поголема продуктивност на работата